Ребалансираниот буџет потежок за 8,6 насто, буџетскиот дефицит се зголемува на 6,5 проценти
Foto

Ребалансираниот буџет потежок за 8,6 насто, буџетскиот дефицит се зголемува на 6,5 проценти

Владата го прекрои буџетот за да ги усогласи проекциите со новата состојба во која се најде економијата поради Ковид 19. Во нагорна линија се проектирани и приходите, но и расходите. Буџетот ќе биде потежок за нови 340 милиони евра, и ќе стигне до рекордни 4,35 милијарди евра. Буџетската дупка ќе се продлабочи и ќе скокне на 6,5% од БДП.

Премиерот на денешната прес конференција рече дека немало жестока расправа меѓу министрите околу новата распределба на парите. Министерот за финансии задоволен. Приходната страна на релабансот е подигната за 4,7 процентии е проектирана на 3,6 милијарди евра, што се должи на добрата реализација на приходите од почетокот на годината. 

Зголемување на капиталните инвестиции и продолжување на поддршката за стопанството се двата клучни сегмента во ребалансот.

Иако економијата годинава стартуваше со рецесија, Владата очекува во првата половина економската активност да стигне до 6,5% . Треба да ја придвижат олабавените ковид мерки, капитални инвестиции и субвенциите. И покрај тоа што кризата не заминала, Владата најавува К- 15 за државната службеници

Со ребалансот на Буџетот пари се земаат од Министерството за одбрана, каде поради короната во договор со НАТО се откажуваат дел од вежбите на војската. Се доадаваат пари за нови вакцини, локалните избори, односно фингер читачите, кај земјоделците и субвенциите. 

Огромен раст се предвидува кај капиталните инвестиции, енергетиката, гасификацијата, здравството. И со ребалансот се очекува економија годинава да порасне на 4,1% од БДП.

0 Коментари

Остави коментари