Ребаланс на буџетот: Проекциите за растот намалени за 1,4 проценти поени, дефицитот зголемен за нови 150 милиони евра

владата го стега ременот со ребалансот на буџетот  крати 200 милиони евра неподуктивни трошоци, капиталните инвестиции намалени за речиси 40%, а преживувањето на 2022 година ќе чини околу 4,7 милијарди евра.

Корекција има и на растот и на дефицитот. Се намалува растот  за 1,4 проценти,  додека дупката во буџетот се зголемува  за нови 150 милиони евра, а инфлацијата ќе достуигне до 7,2 отсто, од илинденска број 2 тврдат дека се очекува да се стабилизира во следната година. првиот финансиер фатмитр бесими, порача дека условите за новото задолжување  финишираат,  а  ќе има и домашно и надворешно задолжување. 

Дефицитот и отплатата на надворешниот и на домашниот долг кои се во износ од 11,8 милијарди денари, или вкупно 54,5 милијарди денари, ќе се финансираат преку задолжување на меѓународниот и домашниот пазар

Во рамки на домашното задолжување, кое е предвидено на ниво од 21,6 милијарди денари,  превидено е задолжување на домашниот пазар на државни хартии од вредност или заем. Задолжувањето во странство на ниво од 59,3 милијарди денари ќе се реализира преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции наменети за финансирање на одделни проекти како и задолжување заради финансирање на буџетскиот дефицит дополнувајќи дека за финансирање на буџетскиот дефицит се предвидени средства од ММФ, како и средства од меѓународниот пазар на капитал преку издавање на должнички хартии од вредност.

Со ребалансот на Буџетот тековните трансфери се планирани на ниво од 189,7 милијарди денари или за околу 19 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2022 година. Тоа, како што рече Бесими, се потребни средства за економските мерки за поддршка на граѓаните и економијата. Според него, прекројувањето на државната каса е во вистински момент за целсоно заздравување на економијата по пандмијата, но и финансиски одговор на глобалните случувања. 

Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година. Според министерот, и покрај тоа, нивниот износ е на историско највисоко ниво, и ќе продолжат прокетите за изградба на патишта, железници, гасоводи.