Ребаланс на буџетот

Во рамки на вториот ден од амандманската расправа и вкупно петти ден од расправата за ребалансот на Буџетот за 2024 година, собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска разгледа и не усвои вкупно осум амандмани поднесени од пратениците од опозицијата. Амандманската расправа продолжи во 16 часот.

Не беа прифатени амандманите поднесени од СДСМ за награда на пожарникарите, полицајците и војниците за гасењето пожари, како и за зголемувањето на платите на пожарникарите.

Како што истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во подготовка е нов закон за пожарникарите со кој ќе се уредат овие прашања, а покрај тоа во буџетот нема доволно средства и ребалансот се прави само за да се сервисираат обврските до крајот на годинава заради лошите предвидувања и недомаќинското трошење од претходната власт.