Ребаланс на буџет - „развоен или сметководителски“?

Почна расправата за дополнителниот ребаланс на буџетот на пленарната седница откако ги помина собраниските филтри а пред народните избраници министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска го оцени како развоен потенцирајќи  дека вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари.

Вкупните расходи се проектирани на 425,2 милијарди денари. Опозициската СДСМ пак реагираше дека како што велат тоа според нив не било развоен буџет туку сметковотствен а власта само ги книзи последиците од како што велат лошото раководство 

Преку буџетот расправата на моменти се префрли и  на локално ниво по дискусијата која ја имаа пратеникто Халил Снопче и Дафина Стојановска која пак му реплицираше на снопче малку повече внимание да обрателе и на локалната политика со сита мера како што се грижеле за буџетот. Снопче пак со прашање но и потсетување до парламентарното мнозинство дали се сеќава на моментите кога тие ги поддржуваа политиките на тогашниот градоначалник на Гостивар Арбен Таравари. 

 Со овој ребаланс на буџетот обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции, кои достигнуваат речиси 46 милијарди денари и се зголемени за речиси 5,8 милијарди денари што е зголемување за 14,5 проценти. 

Економскиот раст е проектиран на 3,5 отсто, инфлација на 4,5 проценти, а буџетски дефицит на 4,1 отсто од БДП . За ребалансот на буџетот поднесени беа вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ , 78 од СДСМ , 51 од Левица и пет од Вреди.