Ребаланс на буџет: Педизборно прекројување или развоен ребаланс?
Foto

Ребаланс на буџет: Педизборно прекројување или развоен ребаланс?

Ребалансот на Буџетот на маса пред пратениците. По час и половина доцнење конечно почна  собраниската седница. Од говорницата остри меѓусебни критики си упатија пратениците од власта и опозицијата.

Здравјето на граѓаните, здравата економија, финансии и општество, но и справувањето со последиците од ковидпандемијата - остануваат клучни приоритети за оваа година потенцираше министерот за финансии Фатмир Бесими во своето експозе.   

Стихијно креиран - без концепт, нерзвозен вака опозицијата гледа на ребалансот на Буџетот. Владејачкото мнозинство со контра агрументи - бараат поддршка за предложениот ребаланс. За опозиционерите ова е ново осиромашување на граѓаните, нови задолжувања, но и зголемување на трошоците за живот.   

Пратениците имаат рок за расправа од пет дена. Со предложениот ребаланс приходите се проектирани на ниво од 222,5 милијарди денари и се за 4,7 отсто повисоки во однос на иницијалниот Буџет за 2021 година.

Расходите се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 проценти повеќе во однос на планираниот Буџет. Додека дефицитот е позициониран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 отсто од БДП.

0 Коментари

Остави коментари