Ребаланс на буџет
Foto

Ребаланс на буџет

Втор ден жесотка расправа во Законодавниот дом - на маса пред пратениците ребалансот на Буџетот. Нов судир на ставовите, за власта, ребаланс за стабилизација и економско заздравување од ковидпандемијата, за опозиционерите прекројување на државната каса за предизборни цели. 

Во собраниската сала на денешниот ден расправаа околу 20-тина пратеници. Пратениците од власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваа дали проектираните трошоци се реални и потребни или ненаменски потрошени. 

Стенд ап: Кавгата се заостри и околу зелената агенда, изградбата на новиот Клинички центар, образованието, гасификацијата. Опозиционерите ја обвинија власта и за неприфаќањето на нивните амандмани на комисиската расправа.  

Од 222 поднесени амандмани, власта прифати 8. Со ребалансот државата планира да потроши 4 милијарди 370 милиони евра, или 345 милиони повеќе од првичниот план. Буџетскиот дефицит ќе достигне 750 милиони евра или 6,5 проценти од БДП. И покрај минусот од 1,9 проценти во првиот квартал, владата е оптимист дека годината ќе заврши со раст на БДП од 4,1 процент. Собраниската дебата за буџетот може да трае најмногу пет работни дена.

0 Коментари

Остави коментари