Реално или популистичко намалување на казните?
Foto

Реално или популистичко намалување на казните?

Државата годинава собрала 24 милиони евра од административни такси и глоби, што е за 2,5 милиони повеќе од лани или за еден милион повеќе од 2016 година. Но, иако премиерот најави дека глобите следната година ќе се намалат, тоа нема да го намали приливот на овие пари во буџетот. Во оваа ставка за 2019 се проектирани 32 милиони евра, исто како и годинава. Работодавачите стравуваат дека новата казнена политика нема да донесе ништо ново. Висината на глобите ќе се намали, но тие ќе се изрекуваат почесто.

„Се плашиме и ова да не е дополнителна мерка за т.н.  капка по капка систем во буџетот. Сметаме дека големата казна на некој начин дава поголема дисциплинска мерка отколку  малата казна и тоа може да се повторува многу пати. Нелојалната конкуренција и сивата економија со намалени казни повторно ќе прават пресметки дека е подобро да останат во сивата зона.“ - вели Миле Бошков, Бизнис Конфедерација на Македонија.

Испекцискиот надзор треба да се базира на превенција, а не на глоби, вели поранешниот министер за финансии Кирил Миновски. Според него потребо е намалување на инспекциските служни, зашто кога се многу инспекции тие се поподложни на корупција.

„Ниту една влада не треба да таргетира глоби, туку треба да оди на користење на т.н. мек пристап со кој уогласеноста на компаниите со законските регулативи ќе се прави низа еден концепт на т.н. доброволна усогласеност и користење на пристап на предупредување. Често се носат законски измени, се носат закони, но главниот проблем е начинот на нивното интерпретирање и имплементирање од страна на инспекциските служби.“ - вели Кирил Миновски, поранешен министер за финансии.

Од Министерството за правда тврдат дека сега акцентот ќе се стави на опомената наспроти казнувањето.

„Со предложеното законско решение се предвидува подобрување на ефикасноста на прекршочната постапка, додека изрекувањето на опомена пред да биде изречена глоба се воведува како правило.“

Глобите за физичките лица ќе се намалат за 75%, а со Законот за прекршоци ќе има намалување и на глобите за фирмите. За да се примени новата казнена политика ќе треба да се сменат 200 закони во Собранието.

 

0 Коментари

Остави коментари