Реална дебата или предизборен маркетинг за Ковачевски да ги смири духовите во сопствената коалиција

Отворање реална дебата за изборниот модел или пак предизборемн маркетинг за Димитар Ковачевски да ги смири духовите во сопствената коалиција.

Што стои зад најавата на премиерот дека се подготвен да преговара за една изборна единица со праг кој би бил помеѓу барањата на неговиот коалициски партнер ДУИ за 5% максимум кој би можеле да го прифатат неговите помали коалицски партнери 3%, кои му поставија услови пред избори. 

Денеска Али Ахмети чекор назад, откако го фиксираат 5% денеска од Мала Речица со порака подготвени се да разговараат за процентите кои ги најавува Ковачевски. 

- За нас прифатливо е прагот да биде 5% од бројот на запишани гласачи во избирачкиот список, но подготвени сме да разговараме за предлозите на премиерот. - велат од ДУИ.

Од ДУИ не откриваат дали тоа значи дека ќе дадат зелено светло на планот на СДСМ да се одглави законот во Собрание, но и која им е минималната граница која би ја поддржале. Од друга страна, официјално Ковачевски тврди дека е расположен за дебата. Неофицијално, неговата партија пак го поцртуваат прагот на 4 од бројот на зилезени гласачи.

- Го поддржувам предлогот за една изборна единица, но со отворени листи. Изборен праг мора да има, зашто во спротивно може да ни се случи деловни заедници да ни кандидираат пратеници и да тераат бизнис интереси, а парламентот да стане Стопанска комора. Предложен е изборен праг од 5 проценти, но интересни бројки се и 3 проценти и 4,5 проценти.“ - вели Димитар Ковачевски. 

Помалите коалициски пратеници очекуваат проритетно да продолжи дебатата во закондавниот дом. И таму да се водат апреговорите за евентаилен праг. Според еден до поднесителите на законот Павле Трајанов помалите имаат поддршка од меѓународниот фактор за 1 изборна единица. 

Од ВМРО-ДПМНЕ и натаму на својата позиција даваат поддршка за промена на моделот, велат праг мора да има, но најпрво чекаат Ахмети и Ковачевски да се усогласат. За арзлика од нив, останатите опозициски партии во албанскиот блок не мрдаат до своите позиции.- АА 8 изборни единици, Беса 3.