Реакција на родителите од градинкатa: Песната е музичка желба на дете, задоволни сме од воспитувањето на децата
Foto

Реакција на родителите од градинкатa: Песната е музичка желба на дете, задоволни сме од воспитувањето на децата

Реагираа група родители, тие велет дека погрешно е прикажан само еден дел од снимката, без истата да се цени во нејзината севкупност. Во рекацијата се вели дека конкретниот ден 26.11.2021 година секое дете во рамките на слободните активности кои ги имале тој ден, имало право и кажало по една музичка желба и тоа најразлични музички желби од различен жанр - со забавна, класична, народна содржина и овие песни биле пуштени од воспитувачот.

Затоа велат родителите воопшто не е издржано тврдењето дека децата се забавуваат и едуцираат во градинка со турбо фолк песни од причина што тематската содржина конкретниот ден била музичка желботека, а потоа преку едукација детска игра и разговор приспособен токму на возраста на која припаѓаат децата, истите се воспитуваат и едуцираат согласно програмата на воспитувачот прифатена од градинката. Родителите уште додаваат и дека тие се задоволни од начинот на кој воспитувачот ја спроведува таа програма.

0 Коментари

Остави коментари