Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Катастрофалното работење на јавните претпријатија, нехигиената, неуредените зелени површини, нема да ги покрие со политички мотивирани прес конференции,  добро ќе биде наместо водење висока политика и кажувањето на ловечки приказни, градоначалничката Арсовска да се погрижи за акутните проблеми на градот – реагираат од Општина Ѓорче Петров.

Преку писмено соопштение велат дека Општина Ѓорче Петров никогаш не депонирала отпад нелегално на посочената локација, ниту создавала диви депонии.