Реакција на Георгиевски на ДКСК: Сите акти на општината се во согласност со закон
- Во врска со веста дека антикорупциската комисија поднела инцијатива пред јавното обвинителство за објектот на ВОЛВО, ја информирам јавноста дека како градоначалник ниту го имам оштетено буџетот на општината, ниту пак сум овозможил некое правно лице да се стекне со противправна имотна корист.
Најодговорно тврдам дека сите акти на Општината се во согласност со Закон, а доколку сегашниот градоначалник смета дека е поинаку, во секое време може да ги поништи сите акти донесени од мене.
Градоначалникот не ги води постапките сам, за законитоста на постапките потврдуваат стручните служби на општината. - се вели во изјавата на Георгиевски.