Реакциите за младинската олимпијата не сопираат
Министерството за спорт нема никакви законски мерки ниту можности за да биде организатор на младинската олимипијада.
Во интервју за Радио Слободна Европа, министерот за спорт, Борко Ристевски, ги отфрли наводите дека институцијата со која раководи била одговорна за настанот, и тврди дека имале улога само да обезбедат логистичка поддршка...Откри и дека побарал Олимпијадата да не се одржува во земјава или, пак, да се редуцира бројот на спортисти учесници.
Борко Ристовски - министер за спорт
„Јас лично имав разговор со претседателот на Европскиот Олимписки комитет во насока да укажеме дека како држава ги немаме тие спортски комплекси кои Олимпискиот комитет и градот Скопје си го преземале како обврска со потпишување на договор за организирање на еден вака голем и масовен настан. Ние предложивме или да се откаже Олимпијадата што за младинци што се одржува во Македонија, или таа да се редуцира на 1.000 учесници за коишто можеме како држава да дадеме гаранции. Бевме одбиени, бевме одбиени од причина што веќе било премногу касно за да се откаже Олимпијадата . “
СДСМ пак бара оставка од Ристовски...Опозицијата обвинува дека Македонија беше понижена, посрамотена и претставена како земја од 19-от век пред очите на меѓународната спортска јавност ...
СДСМ
„Не е само катастрофалната организација, катастрофални се и резултатите на македонските спортски федерации, кои го одразуваат општото пропаѓање на спортот со оваа Влада и Ристовски како министер. И додека најгордата Влада немала пари за соодветно сместување, вода, превоз, храна, клима-уреди и достоинствени услови за олимпијците имала за ПР и маркетинг! “
А и покрај меѓусебните обвинувања на релација министер – градоначалник на Скопје – опозиција, неколку дена по завршувањето на игрите, Асоцијацијата на Национални Олимписки Комитети , се заблагодари за успешната организација ...
Асоцијација на Национални Олимписки Комитети
„EYOF Skopje 2025 остава трајно наследство на извонредност во младинскиот спорт, силна организациска изведба и промоција на олимписките вредности низ цела Европа. ANOC им честита на EOC, на Организацискиот комитет на Skopje 2025 и на сите НОК учеснички за нивната посветеност на јакнење на младите спортисти и зајакнување на меѓународната соработка преку спортот. “
Од 20 до 26 јули во Скопје и Куманово се оддржа младинска олипијада на која настапија преку 4.000 млади спортисти од 49 европски земји..Италија ја предводеше табелата со медали, освојувајќи 19 златни, 19 сребрени и 12 бронзени медали...Естонката Алика Инкери Мозер постигна светски рекорд за натпреварувачи до 18 години во скок со стап, Италијанката Кели Дуала го собори европскиот рекорд на 100 метри а Турчинката Елиф Берфин Алтун постигна нов европски рекорд во стрелаштво со воздушна пушка...
Но и покрај големината на настанот, за Олимпијадата немаше никаква промоција а јавноста дозна дека таа се одржува дента кога почнаа натпреварите...

