Реакциите не стивнуваат, што напишаа експертите за предложениот текст за враќање на државните реклами во медиумите?

По неколкуте одржани расправи за предлог текстот за медиуми, на кои не присуствуваа ниту телекомуникациските и кабелските оператори, ниту еснафските новнарски здруженија и синдикат, но и по низата забелешки кои експертите ги поднесоа до МИОА.

ТВ 24 побара од ресорното министерство на увид да ни се достават дописите со забелешки. Но на нашето барање од МИОА само најавија нови јавни дебати, и посочија дека се уште се во фаза на прибирање на коментари и забелешки од ексертската јавност.

- Сите собирани коментари ќе се доставаат до експертите и работанта група за да ги разгледуваат, анализираат и да дадат свое мислење во однос на Предлог законот. До 01.07.2023 се надеваме дека ќе имаме коментари и од надворешните екперти а поврзани со Законот и практиките од ЕУ земјите и истите ќе бидат презентирани пред сите засегнати страни. Исто така дакаме да ве информираме дека ќе имаме јавни дебати кои што ќе следат во наредниот период.- - велат од МИОА.

До министерството за информатичко општество веќе се испратени борјни допоси со забелешки на засеганатите, меѓу нив и на експертскиот тим кој кажа не за ваквите предлози бидејќи се косат со еу директивите. А според предложениот текст се предвидуда јавните реклами и на централно и на локално ниво да се вратат во телевизиите а доминатен дел од колачот, 75% од средствата да завршат само кај петте приватни национални телевзии, Сител, Телма, Канал 5, Алсат и Алфа.

 

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во студио 10 на ТВ24 вели со години се работи со сите засегнати страна за да се донесе закон кој ќе биде добар за сите, донесен низ дебата во еден инклузивен процес.

- Не може да се турне под тепих нешто што треба да помине во Собрание. Ние веќе долги години работиме со сите засегнати страни и со Македонската медиумска асоцијација и со другите организации за да дојдеме до заедничко решение прифатливо за сите. Ние сметаме дека е можно да се донесе еден закон кој што ќе постави фер услови за искористување на јавните пари за кампањи од јавен интерес, без притоа да се вратиме во времето на Груевски и без да ги прекршиме принципите од извештајот. Тоа е возможно и ние работиме на тоа. Има големи разлики во однос на тоа што се нуди сега како концепт и тоа што беше претходно, кога се делеа милиони...мислам дека токму тие стравови се обидуваме да ги пресретнеме и решиме со јасни критериуми до зНМ за да никој нема дилема дека некој сака да го врати тоа време. Сите забелешки од ЕУ, повеќе се става акцент на процесот, на кој начин да се заврши целата таа работа со што помалку противници, а што повеќе за, инаку во сите држави, во најголем дел од државите во ЕУ постојат модели за јавно финансирање. МИОА собира коментари и прави консултации. Да се погрижиме законот да биде во согласност со ЕУ стандардите, да биде донесен во еден инклузивен процес, во дискусија и разговори со сите засегнати страни и што повеќе пратеници да дадат поддршка во Собранието. - рече Маричиќ.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ засега без конкретен став за предложениот текст, велат се уште се анализира од стручните лица на партијата.

- Во овој момент тоа е тема која се разгледува од стручни лица на партијата, и верувам дека во следниот период ќе имаме и конкретен став. - изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително телекомуникациските и кабелските оператори на приватните национални телевзии треба да им плаќаат надоместок што ќе го утврдува Владата. Токму ова од страна на кабелските оператори беше оценето дека е противуставно и се смета за мешање во релации на два приватни субјекти.

Реагираа и од Институтот за развој на електронски комуникации. Велат додворувачки се владините измени на законот за медиуми.

- Дали Владата повторно сака да се умилкува кон телевизиите воочи можната предизборна кампања, со цел да не добие нов тивок бојкот од петте национални радиодифузери? Затоа, Институтот ги повикува сите засегнати страни да седнат на заедничка тркалезна маса и да се започне процес на донесување на целосно нов Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој ќе биде целосно усогласен со европските директиви и регулативи, но и ќе биде компромис на сите засегнати страни во Македонија. - целат од ИНРЕКОМ.

 

Дека прелдожениот текст е неприватлив до МИОА допис ипратија и од Здржението на инфорамциско комуникациски технологии при Стопанската комора.