Реакциите не стивнуваат – Обвинителството не сака да коментира изјави на политичари за судски процеси и пресуди
Foto

Реакциите не стивнуваат – Обвинителството не сака да коментира изјави на политичари за судски процеси и пресуди

Обвинителството нема да го коментира договорот помеѓу Зоран Заев и Африм Гаши за најмување меѓународни експерти да вршат мониторинг на неколку судски пресуди. Отаму за ТВ 24 велат дека не коментираат политички изјави, но се подготвени за соработка со меѓународни организации.

„Неопходно  е процесите да се одвиваат според законските одредби и меѓународното право.Судските постапки за одредени постапки за кои постои интерес во јавноста и до сега  се мониторирани од определени меѓународни организации. Покрај тоа по исцрпување на правните лекови во земјата, незадоволната странка може да поведе постапка пред Европскиот суд за човекови права.Обвинителството е подготвено да соработува со меѓународни организации и да ги спроведува одлуките на Европскиот суд за човекови права.“ - ОЈО Скопје.

Од Министерството за правда тврдат дека нема да има поништување на пресудите, а од мониторингот на меѓународните експерти правосудството ќе има корист.

„Не станува збор за ништо спротивно на законите на Северна Македонија или за поништување на судските одлуки, туку за независен увид и коментар од што корист ќе има и самиот правосуден систем. Ова ќе се случи доколку барањето од Владата биде прифатено од Европската комисија.“ - 
Министерство за правда.

Според коалициониот партнер на Владата и поранешен министер за внатрешни работи, Павле Трајанов договорот помеѓу Заев и Гаши за мониторинг на веќе завршени судски случаи е неприфатлив. Договор помеѓу политички партии за некои случаи да добијат посебен третман е опасно за правосудниот систем.

Диво насеље“ беше осуден од сите политички партии и од сите граѓани бидејќи се работеше за загрозување на територијалниот интегритет, загинаа осум припадници на специјалната единица и сега да барате меѓународна експертиза е неприфатливо. Тоа е едноставно прифаќање на уцена или градење на некаква непринципиелна коалиција, некои случаи да се вратат назад и да се преиспитуваат или во краен случај да се бара некаква амнестија.“ - Павле Трајанов- претседател на Демократски сојуз.

По најавата на премиерот Заев, со реакција и од групата за реформи во правосудството Блупринт. Отаму велат- извршната власт и политичките партии да се воздржат од изјави и дејствија со кои се доведува во прашање независноста на судската власт.

Инаку, еден од условите за Алтернатива да влезе во Владата беше токму ангажирање на меѓународни експерти од европската комисија да извршат мониторинг на неколку судски пресуди, меѓу кои и „Диво Насеље“, „Алфа“, „Монструм“ како и случајот за „Алмир Алиу“.

0 Коментари

Остави коментари