Реакции за средбата Трамп - Путин
Европските лидери, вклучувајќи го и британскиот премиер Кир Сармер, во заедничка изјава ги поздравија напорите на претседателот Трамп да ги запре убиствата во Украина, да стави крај на агресивната војна на русија и да постигне праведен и траен мир.
Лидерите нНагласија дека следниот чекор мора да бидат нови разговори меѓу трамп и путин, во кои би бил вклучен и украинскиот претседател володимир зеленски. Телоп еу
Украина мора да има „цврсти безбедносни гаранции“ за сопствена одбрана и не смеат да се воведуваат никакви ограничувања врз украинските вооружени сили.
Францускиот претседател емануел макрон објави дека наскоро ќе се одржи состанок на „коалицијата на добронамерните“ за да се обезбеди помош на киев. „секој траен мир мора да биде придружен со безбедносни гаранции.
Според унгарскиот премиер виктор орбан светот е побезбедно место по средбата меѓу американскиот претседател доналд трамп и неговиот руски колега владимир путин во алјаска...
Првиот официјален став на кремљ за средбата го изнесе портпаролот на путин, дмитриј песков.
Изјава дмитриј песков- портпарол на владимит путин
„разговорот беше навистина многу позитивен, и двајцата лидери тоа го истакнаа. Ова е вид на дискусија која ни овозможува одлучно да продолжиме со заедничко барање опции за мирно решение“, изјави песков.
Тој додаде дека поради обемните изјави на двајцата лидери, не било потребно да одговараат на прашања од новинарите..
Американскиот претседател доналд трамп пак се соочи со остри критики и од демократите и од дел од сопствената партија по средбата со рускиот лидер владимир путин во алјаска... Конзервативниот коментатор бил о’рајли оцени дека „времето не работи во корист на трамп“ и повика на поголем економски притисок врз русија. Сенаторот линдзи греем, пак, изјави дека најдобар исход би бил прекин на огнот „далеку пред божиќ“...НЕЗАДОВОЛСТВО Стигна и од републикански редови – конгресменот брајан фицпатрик порача дека вистинска безбедност може да се обезбеди само со сојузниците и украина на масата за преговори...
Поранешниот советник за национална безбедност на доналд трамп, џон болтон, оцени дека исходот е кристално јасен„трамп не изгуби, но путин очигледно победи“...ОД Друга страна, путин, според болтон, помина долг пат во обновувањето на односите.

