Реакции за разрешениот директор на неврологија по скандалозното видео

Врие во јавноста откако на социјалните медиуми излезе видео на кое може да се забележи како сега веќе екс директорот на универзитетската клиника за Неврологија Игор Кузмановски е снимен со бела прашкаста материја за која се претпоставува дека е психотропна супстанца  која беше пресудна министерот за здравство експресно да го разреши од позицијата директор..

Од лекарската комора најавија дека ќе постапи согласно надлежностите  Откако видеото стана вирално, се огласи Кузмановски кој испрати јавно извинување и каење.

- Во врска со објавите на социјалните мрежи изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето превземање на менаџирање на клиниката за неврологија. Тоа е постапка со која не се гордеам и сметам дека е момент на моја слабост која не смее да биде пример. Секој човек во животот се соочил со слабости, предизвици и грешки. После ова знам дека оваа грешка нема да се повопри и сум подготвен да живеам со сите мои подеми и падови. Се повлекувам од функцијата директор на клинката задоволен со многуте резултати кои заедно ги постигнавме со мојот тим за краток период, пишува Кузмановски.... 

Со реакција се јавија и политичките партии. Лидерот на опозициската СДСМ побара одговорност од Кузмановски и ги повика институциите веднаш да постапат согласно законските регулативи. 

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ од која Кузмановски беше назначен за директор ги повикаа институциите да постапат  во согласност со законот и утврдените процедури. 

- Нашата заложба е правилата и законите да важат за сите подеднакво и управувањето на институциите мора да биде во согласност со вредносниот систем на одговорност за кој се залагаме и ќе продолжиме да се бориме, велат од ВМРО-ДПМНЕ..

Инаку, на социјалните медиуми може да се забележат реакции на граѓани кои велат дека лекар кој посегнува по психотропни супстанци претставува опасност по безбедноста на пациентите, а доколку се докаже дека Кузмановски навистина користел недозволи средства му виси во воздух лиценцата.