Реакции за препораките на историската комисија
Усогласените препораки на мешовитата комисија во врска со одредени историски личности и заендичкото чествување ја скараа домнашната експертска и политичка јавност. Поделени мислењата на историчарите, академиците професорите.
Во краток разговор за ТВ 24 историчарот Тодор Чепореганов пак со обвинувања на адреса на историчарите од македонска страна кои обвинува дека со ваквите одлуки прават погрешни чекори кои негативно можат да се одразат врз колективната меморија на македонскиот народ.
Со сличен став и академик Катица Ќулавкова која пак со Ф.Б статус напиша дека со овие одлуки се доведува во прашање македонскиот идентитет.
- Нема никаква причина да се излегува со билатерални македонски и бугарски препораки за значењето на светите Кирил и Методија, кога е ноторен факт дека тие се сесловенски просветители. Освен тоа, веќе постои научен кодекс за нивната улога во словенскиот и во европскиот свет и никој нема право да ги присвојува небаре се работи за приватен имот. Светите Климент и Наум, исто така, како средновековни културни и црковни вредности од особено значење за македонската култура и народ, не може да се претставуваат како туѓа традиција и сопственост.
Универзитетскиот професор Тони Десковски пак оценува дека со овие препораки е направен добар исчекор наведувајќи:
- Усвојувањето на првата група на заклучоци и препораки на Заедничката историска комисија е добра исчекор напред. Во Документот има две групи на препораки: Првите, за заедничко одбележување на личности. Вторите, препораки за учебниците по историја во двете земји. Текстот е внимателно составен и добро балансиран. Она што паѓа во очи, е тоа што иако има согласност за заедничко чествување на личности од средновековието, не е направен исчекор и со соодветни препораки за нашиот учебник по Историја за 7 одделение кога тие се изучуваат.
И македонското МНР денеска ја поздрави вчерашната објава на препораките кои се дел од Протоколот потпишан меѓу Скопје и официјална Софија. Во дописот наведуваат и дека комисијата ќе ја има поддршката на ресорното министерство.
Партиите пак и денеска остануваат на веќе познатиоте ставови. За ВМРО-ДПМНЕ Менувањето на Учебниците е под како што велат бугарски диктат додека за СДСМ пак велат дека лагите на ВМРО-ДПМНЕ се паднати во вода и дека во препораките нема ништо спорно.
Коалицискиот парнер во власта пак ДС денеска со став дека овие одлуки според нив водат кон сечење на македонските корени а пак ВМРО НП ги поздрави ваквите чекори и посочи дека ова е враќање во македонската историографија на Цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум.