Реакции за покачувањето на функционерските плати за 78%, а на лекарските од 1,7-2,2%

Oткако уставен суд одлучи да укине два члена од законот за плати и надоместоци на функционери, платите на сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции, како и сите судии меѓу кои и тие од уставниот суд им се зголемуваат за речиси 78 отсто.претседателот, стево пендаровски, изјави дека е невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет. 

Во врска со одлуката на уставниот суд со која се укинуваат одредби од законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, тој ја повика владата да предложи законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите. 

Од друга страна пак по протестот на здравствените работици, на кој побараа исполнување на ветувањето дадено пред неколку месеци, за покачување на платите на здравствените работници, беше договорено медицинските сестри да добијат покачување од 3.000 денари бруто и 2.000 за другиот персонал, јавната администрација, помошниците на техничкиот персонал и лекарите. 

Покачувањето ќе важи од март а официјално се очекува да се усвои од министерството за финансии.