Реакции за новата образовна концепција, потреба или политичко решение?

Предложената концепција за реформи во гимназиското образование предизвикува  многубројни реакции од стручната фела. сметаат дека овој начин не е соодветен особено што задира во размислата на човекот.

Филозофијата, велат, е важна компонента на гимназиското образование.

Предлог концепцијата стана мегдан и за партиски препукувања. СДСМ бара да се повлече предлгог-концепцијата и да се организзира јавна дебата. Од ВМРО ДПМНЕ им вратија дека 

Тие со ДУИ го девалвирале  и уништиле образованието изминатите 7 години оставјќи ги учениците без материјали и учебници.

Од МОН пак велат дека предложениот документ нуди модерни пристапи кои се насочени кон стекнување практични вештини, развивање критичко размислување, интеграција на дигитални технологии и усогласување со меѓународните образовни стандарди. Мислењата и сугестиите им биле од исклучителна важност за креирање гимназиско образование кое ќе ги подготви учениците за современите предизвици и ќе обезбеди меѓународно споредливи образовни резултати.