Реакции за физибилити студијата за изградба на луксузен ски центар на Јабланица

Најавата за изградба на ски центар на Јабланица со десет хотели ги разгоре ставовите меѓу властите и граѓанските активисти во Струга. Градоначалникот Мерко вели ова е многу значаен проект за Струга и регионот. 

„Се започнува процедурата за изградба на скијачки центар на Јабланица. Оваа е важен процес за нашата општина затоа како градоначалник во следните чекори ќе ги консултираме невладините организации, месните заедници, бизнис секторот и сите други засегнати страни" - вели градоначалникот Мерко.

Но, граѓанските активисти од старт се на ставот дека изградбата на ваков голем комплекс ќе биде штетен за планината и природата.

Информацијата е дека вкупната инвестиција за Јабланица би била околу 320 милиони евра. Должината на скијачките патеки е предвидено да биде 85 километри, 21 километар скијачки лифтови и два резервоари каде ќе се произведува снег. Предвидено е изградба на 10 хотели, од кои шест би биле со четири ѕвезди, а другите по пет.

И претходно низ годините имаше најави за ваков проект на Јабланица но досега не се имплементира.