Реакции во регионот за интервјуто на премиерот Заев
Балканскиот сервис на Ал Џезеира пишува дека Заев ја обвинил Југославија дека ги раздвоила Македонија и Бугарија, а интервјуто на македонскиот премиер го пренесоа и бројни хрватски, босански и словенечки медиуми.
Не стивнуваат реакциите низ целиот регионот по интервјуто на премиерот зоран заев за бугарската агенција БГНЕС во која порача дека Бугарија не е фашистичка земја, туку пријател и дека Југославија не разделила.
Заев им се умилкува на бугарите: Тие не беа окупатори. Македонија и Бугарија имаат заедничка историја а Југославија не раздвои, се само дел од насловите во Балканските медиуми.
Под наслов, Скандалозно интервју на Зоран Заев, Српки Б92 опширно пишува за интервјуто на маакедонскиот премиер за бугарската акенција но и за досегашните преговори меѓу двете земји и ветото на Софија за почеток на преговорите...Бугарската и Македонската војска заедно го ослободиле Скопје, пишува Белградска Политика, додека пак Српски Телеграф оди со наслов „Заев им се додворува на Бугарите.“...
„Премиерот на Северна Македонија тврди дека Југославија е одговорна за влошување на односите со Бугарите.“ - се наведува во воведниот текст на Телеграф.