Реакции во Бугарија за иницијативата за оценка на уставноста на протоколот
Не стивнуваат реакциите во Бугарија по иницијативата која Лиљана Поповска ја поднесе за преиспитување на Уставноста на протоколот потпишан со ЕУ за евроинтегративните процеси на земјата.
Бугарските медиуми со свои анализи и гледишта откако БГНЕС излезе со коментар дека Уставниот суд за неколку дена прифати да отвори постапка за уставноста на протоколот потпишан со Бугарија покажува дека зад неа всушност стои политичкиот естаблишмент, иако реално отпорот кон Протоколот има широка поддршка во земјата, нешто што не се споменува воопшто наведува медиумот .
Медиумот се осврнува и на политиките на актуелната влада во Скопје наведувајќи:
- Проектот „Мицкоски“ ја елиминира можноста за интеграција во Европската унија, го лансира Скопје кон унијата на авторитарни режими во Европа, ги разочарува граѓаните на Северна Македонија и го насочува нивниот гнев кон „источниот сосед“.„Режимот на Христијан Мицкоски брзо (политички) ја оддалечува Република Северна Македонија од Европската унија – единствениот гарант за нејзиното постоење надвор од југословенскиот шаблон и цврстата стисок на Белград.
Во кратка изјава за ТВ 24 пак иницијаторката за преиспитување на уставноста на протоколот во спорните делови Лиљана Поповска вели дека ова се тенденциозни коментари и дека целта е само да се корегираат спорните делови во протоколот за Македонија бидејќи токму таков каков што е ја кочи земјата на патот кон нејзините евроинтеграции.
Меѓу останатите забелешките на Поповска беа и оние во насока на тоа дека протоколот е неуставен бидејќи не беше ратикуван во парламентот и не е објавен во службен весник. Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на протоколот пред Уставниот суд ќе укаже и на тоа дали дали уставните измени се единствената пречка за Бугарија да го деблокира нашиот процес на европска интеграција“.
Обидот за ревидирање на меѓународните договори беше пречекан со категорично ‘не’ од претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кои неодамна нагласија во друштво на Мицкоски дека ‘Нема план Б, и дека како што наведуваа земјата мора да го исполни она што беше договорено во 2022 година, нема за што да се преговара’.

