Реакции во Брисел – дел од европските лидери демонстрираа големо разочарување и лутина
Foto

Реакции во Брисел – дел од европските лидери демонстрираа големо разочарување и лутина

По добивањето црвено светло за отпочнување преговори - поддршка за Македонија пристигна од голем дел од европските лидери. Еврокомесарот Хан кој во изминатитот период беше најголем поддржувач на земјата за евроинтеграции и гостин на потпишувањето на историскиот договор меѓу Македонија и Грција не издржа и прв се обрати на твитер – Ова било екстремно разочарување, а одговорноста за неуспех била на ЕУ.

И само да биде јасно: Одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија и Албанија, кои се надеваа со право на позитивна одлука. Тие испорачаа! Одговорноста е на ЕУ, која не успеа да испорача поради внатрешните проблеми. Ова му наштетува на кредибилитетот на Унијата не само во регионот на Западен Балкан туку и пошироко. Ова е екстремно разочарување. Европската Унија сега треба да разјасни колку е сериозна нејзината заложба за интеграцијата.“ - напиша Хан на Твитер.

Франција игра валкана политичка игра, чија цена ќе ја плати Балканот – напиша на Европратеничката Тања Фајон на својот твитер профил.

„Франција игра валкана политичка игра и се плашам дека сите ќе ја платиме цената. Ова е неприфатливо. Европската Унија повторно е заложник на Франција, која не разбира и продолжува да го поткопува интересот на ЕУ за Балканот.“ - напиша Фајон.

Поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас кој по потпишувањето на Преспанскиот договор два пати ја посети земјава се согласи со групата поддржувачи на Македонија дека отфрлувањето на преговори е порака за слабост.

„Одлуката на Европскиот совет да отфрли почеток на пристапни преговори за Северна Македонија е порака на слабост и пораз на европската структура. Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел. Ќе продолжиме да се бориме за иднината и за обединетоста на Европа. Тоа им го должиме на нашите народи.“ - изјави Ципрас.

За време на Самитот и шведскиот политичар Карл Билд испрати порака дека Унијата се соочува со можноста за колапс на својот кредибилитетот на Западен Балкан. Овие денови голем дел од медиумите се повикуваа на европски дипломатски извори дека во Брисел се играат шаховски игри за пазарења меѓу лидерите на ЕУ. Франција остана до крај најголем противник на проширувањето, а пораката која пристигна денеска од ЕУ е – Многу жалиме, на прашањето ќе се навратиме следниот Самит.

0 Коментари

Остави коментари