Реакции по устоличувањето на Димитар Ковачевски и Христијан Мицковски

Двете најголеми политичи партии во земјава СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера ги избраа своите лидери на партии.

СДСМ со  37.649 гласови го избра Димитар Ковачевски за свој лидер кој за својата кандидатура имаше јавна поддршка од сега веќе поранечниот претседател на СДСМ Зоран Заев, додека ВМРО-ДПМНЕ на чело на партијата повторно ја даде својата доверба за староновиот лидер Христијан Мицкоски.

По резултатите од двата конгреси со реакции се јавија и од двете политички партии. Од ВМРО-ДПМНЕ по резулаттите на СДСМ реагираа дека Ковачевски е  пион на Заев.

„Ковачевски е пиун на Зоран Заев преку кој ќе продолжи да опстојува Заевизмот. Тоа се исти луѓе со исти вредности. Ковачевски како преку индиго ги употребува истите зборови, истите флоскули и празни ветувања на губитникот Зоран Заев. Заевизмот ќе биде поразен на избори“, - пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Бихачка пак во својата реакција велат дека  СДСМ се менува, се трансформира, а ВМРО-ДПМНЕ останува иста и нереформирана.

„Над 44 000 членови на СДСМ на директни внатрепартиски избори, со тајно гласање, го избраа новиот претседател на партијата.Тоа е највисок степен на демократија, највисок демократски стандард на македонската политичка сцена. Истовремено ВМРО-ДПМНЕ на конгрес, каде што се однапред се знаеше, со само еден кандидат, одлучи да остане истата нереформирана партија.Огромна е разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата од „Бихаќка“. 

Со своја порака преку фејсбук статус до новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски  се јави и премиерот Заев, кој порача дека очекува посветеност, одговорност и прогресивно политичко дејствување од страна на Ковачевски.

- СДСМ  гласаше достоинствено и европски, за стабилна македонска иднина. Очекувам посветеност, одговорност, отворен пристап и прогресивно политичко дејствување, во интерес на сите граѓани на Северна Македонија и во интерес на социјалдемократското семејство. - напиша Заев.

И додека Заев очекува  политичко дејствување од страна на Ковачевски. Христијан Мицковски како старо нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, најавува нова политичка доктрина испишана на 36 страници. Инаку, Мицкоски иако рече дека во својот говор ќе ги изостави СДСМ и Зоран Заев сепак ги спомена со порака дека ќе сфатат каде грешат и дека ќе се променат.