Реакции по ребалансот на буџетот
Со тоа што буџетскиот дефецит уште во месец мај беше со реализација од 60 отсто, за експертите овој ребаланс беше повеќе од очекуван.
За кратењето на расходите и преструктуирање на државната каса има улуга и преотимистичкото пранирање на економскиот раст за годинава, но и други слабости во однос на планирање на буџетот, вели за ТВ 24 Благица Петрески од Finance Think. Во однос на структурата на ребалансот таа додава дека тој е социјалн бидејќи најголем дел од буџетот сега е наменет за плати и пензии.
„Четириесет и седум проценти од вкупните расходи се се однесуваат на социјални трансфери, и дополнителни тринаесет проценти се однесуваат на плати. Зголемувањето на платите и пензиите и понатамошното очекување за нивно зголемување ја поткопува дополнително развојната компонента на буџетот. Забележливи беа и слабостите на планирањето, каде што ние и во нашата анализа на осум годишен тренд за извршување на буџетот, идентификувавме значајни слабости особено во делот на капиталните расходи.“ - вели Благица Петрески ивршен директор на Институтот за економски анализи и политики Finance Think.
Дел од парите кои се ослободија со овој ребаланс се предвидуваат и за поддршка на стопанството. Бизнисот смета дека државата мора посериозно да се позанимава со поддршка на отворање на нови бизниси на младите луѓе, подобрување на бизнис климата и подобра софтверска поврзаност помеѓу државните институции за подостапни услуги за приватниот сектор.
„Нас ни треба да стекнеме доверба дека сите можности се достапни за сите. Без оглед на големината, норамално со утврдени критериуми. Мора да биде трансперентна и очетна, мора да најде начин како ќе се справи со сомнежот од граѓаните, наталожениет сомнеж од граѓаните и бизнисот, дека нешто не чини и дека секогаш е нешто во договор, народски кажано во четири очи.“ - вели Миле Бошков претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.
Ребалансираниот буџет сега тежи 5,8 милијарди евра. Но загрижувачки е продлабочувањето на буџетската дупка која сега изнесува 720 милиони евра, односно толку пари недостасуваат за до крајот на годинава а се планирани да се потрошат. Владата направи и корекција во предвидувањето на економскиот раст за годинава и тоа од 3,4 на 2,1 отсто.