Реакции по протестот на албанските студенти за јазичното барање за правосудниот испит
Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, реагираше министерот за правда Игор Филков по вчерашните протести на Студентите Албанци кои побараа правосудниот испит да се полага на Албански јазик.
Македонскиот јазик не е пречка — тој е обврска, уставна вредност и гаранција за функционирање на државата, дополни Филков.
Игор Филков
- Правосудниот испит се спроведува согласно важечките закони и професионални стандарди, а не според дневно-политички агенди или притисоци од улица. Правото на протест е демократско право, но никој нема право преку насилни протести да бара уривање на критериумите и стандардите во правосудството.Министерството за правда останува отворено за аргументиран институционален дијалог, но нема да дозволи девалвација на правосудниот систем, ниту поткопување на улогата на македонскиот јазик како столб на државноста и институционалниот поредок.
Од владеачката ВРЕДИ велат дека нема да застанат се додека студентите Албанци не ги добијат сите права Веќе работиме на законски решенија со кои сите професионални испити и постдипломски лиценци за работа во земјата ќе им бидат достапни на младите на нивниот мајчин јазик, соопштија од ВРЕДИ
Нашата цел е логична и праведна: тој што студирал на албански, да може на албански да ја добие и својата лиценца за работа, велат од владеачката ВРЕДИ
Вреди
- Барањето на албанските студенти за полагање на правосудниот испит на мајчин јазик се решава институционално. На работната средба со Претседателот на Владата постигнат е конкретен договор институциите да изнајдат решение и веќе активно се работи на тоа решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните. Студентите протестираа против неправдите кои потекнуваат токму од времето на ДУИ дека барањето на албанските студенти за полагање на правосудниот испит на мајчин јазик се решава институционално, за разлика од времето кога петмина министри за правда од ДУИ додека беше на власт не мрднаа со прст за да го решат прашањето на мајчиниот јазик.
Запрете ја дискриминацијата, спроведете го законот за албански јазик, ништо друго, реагираа од ДУИ. Оттаму обвинија дека заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени дека ги спречувал студентите од Албанија да не учествуваат на вчерашниот протест каде се барање правосудниот испит да може да се полага и на Албански јазик
ДУИ
- Астрит Исени, ги малтретирал студентите од Албанија, туркајќи ги по улиците со придружба и полициска изолација, само за да не учествуваат на студентскиот протест во Скопје.Недостатокот на национален легитимитет те прави слуга, а Астрит Исени блеска во оваа улога.Демократската унија за интеграција го поздравува демократското одвивање на студентскиот протест и ја поддржува целосно барањето на младите.
За Демократскио сојуз пак вчерашниот протест за полагање на правосудниот испит на албански јазик претставува опасно сценарио на ДУИ за дестабилизација на државата.
Демократски сојуз
-Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести и обидите за политичка злоупотреба на прашањето за употребата на албанскиот јазик во правосудниот систем. Особено загрижува фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните држави Косово и Албанија, што претставува недозволив обид за надворешно влијание врз внатрешните политички и институционални прашања на Република Македонија.
Протестот во Скопје поврзан со барањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик следува по неколкудневни политички обвинувања околу оваа тема што се наметна како една од главните точки на судир меѓу власта и опозицијата во албанскиот политички блок.

