Реакции по извештајот на Стејт Департментот - за опозицијата потврда дека земјата “тоне “ во корупција
Новиот Извештај на Стејт Департментот за Македонија, ја отвори кутијата критики на опозицијата, власта пак се брани, вели - ќе работиме уште посилно.
Официјален Вашингтон нотира дека корупцијата и слабото спроведување закони во борба против корупција се голем проблем во државата ,а на тапет ги стави полицијата, судството и многу други сектори.
За ВМРО-ДПМНЕ, извештајот на Стејт Департментот е потврда дека земјата тоне во корупција.
Од Алијанса за Албанците велат дека со извештајот од Вашингтон се потврдуваат нивните констатации за бројните скандали на владата на СДСМ-ДУИ и дека ова исто така докажува дека во Македонија не се проблем законите, туку спроведувачите на законот.
- Оваа горчлива реалност доаѓа како резултат на раководењето на земјата од страна на корумпирани функционери и од претходните влади кои што продолжуваат со применување на истите методи на работење и понатаму, потенцираат од Алијанса за Албанците. - велат од Алијанса за Албанците.
Владата пак убедува дека меѓународниот извештај сериозно се сфаќа, а како резулатат на политичката волја и одлучност бил усвоен и Планот за борба против корупцијата. Љупчо Николовски вицепремиер задолжен за борба против корупција и криминал-
Овие детектирани слабости се решаваат преку мерките содржани во Планот за борба против корупцијата, преку кој моментално се работи на подобрување на Законот за јавни набавки, зајакнување на управната контрола во Бирото за јавни набавки како и на носење на интерни процедури за спроведување на јавни набавки кај секоја институција во системот на државата. Работиме активно и на зајакнување на транспарентноста и отвореноста на институциите
Стејт Департментот потенцира дека „Транспаренси интернешнл“, ја рангира земјата на 111 место од вкупно 180 места во однос на корупција за 2020 година, што е за пет места подолу од претходната, 2019 та.
Минатата недела за време на Преспа Форумот во Охрид, заменик помошникот државен секретар во Стејт Департментот Метју Палмер нагласи дека корупцијата е проблем во регионот и дека кога политичките лидери крадат од граѓаните го нарушуваат владеењето на правото.