Реакции по извештајот на Европската комисија
Премиерот Мицкоски е против отпочнување на процес за уставни измени со одложено дејство, пред да се формира бугарската влада. На денот на објавување на новиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава, во кој се нотираат уставите измени, мицкоски вели дека ској избрзан чекор ќе го загрози евроинтеграцискиот процес во земјата.
Пред да направи потег дома, премерот ќе чека сигнали од Бугарија.
„Нема да биде направен ниту еден чекор без да има јасно видлив крај. Ќе направиме потег, вели Мицкоски, само тогаш кога јасно ќе го видиме крајот, во спротивно нема да направиме ништо.Често пати ми велат, ова се ситуации во кои треба да најдеме решение ‘вин-вин’. Не можеме, да најдеме ‘вин-вин’ решение. Не може двајца да победат. Овде ќе биде ‘луз-луз’, секој по нешто за изгуби. Но, вака како што е претходно концепиран францускиот предлог, ние губиме сè, а не добиваме ништо. Не мислиме да влеземе во процесот и по шест месеци, година, две или три повторно некое прашање од средниот век да ни биде пречка да можеме влеземе во 22. век“, рече Мицкоски.
Во првичната пценка за извепштајот на ек вели дека - тој опфаќа само два месеци од мандатот на новата влада и очекува препораки слични како и ланските со одредени подобрувања во некои области. Од опозиционата СДСМ пак сметаат новиот извештај за напредокот на земјата ќе ја отслика реалноста.
Славјанка Петровска изјави дека земјава ја има шанската да го направи исчекорот и да ги отвори поглавјата, но само преку уставните измени, порака која ја пренесе и шефицата на Европската комисија Фон Дер Лајен за време на посетата на Скопје.
Фон дер Лајен при неодамнешната посета на Скопје, рече дека патот кон ЕУ води преку усвојување на уставните измени на коишто се земјата се обврзала.