Реакции на светски лидери по нападите на САД врз Иран
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес изјави дека американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација, оценувајќи дека сега постои „растечки ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола, со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот“.
Во својот пост на платформата X, Гутереш истакна дека во овој момент е потребно да се избегне спирала на насилство, пренесува Ројтерс. „Нема воено решение. Единствениот пат напред е дипломатијата. Единствената надеж е мирот“, рече Гутереш.
„Тековните воени дејствија на Блискиот Исток се исклучително загрижувачки и од клучно значење е да се избегне понатамошна ескалација. Нов Зеланд силно ги поддржува напорите за дипломатија. Ги повикуваме сите страни да се вратат на разговорите. Дипломатијата ќе донесе потрајно решение отколку понатамошните воени дејствија.“ - изјави Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс.
„Јасно ни беше дека нуклеарната и балистичката ракетна програма на Иран претставува закана за меѓународниот мир и безбедност. Ја забележуваме изјавата на претседателот на САД дека сега е време за мир. Безбедносната ситуација во регионот е многу нестабилна. Продолжуваме да повикуваме на деескалација, дијалог и дипломатија.“ - изјави портпаролот на австриската влада.
„Министерството итно повикува на дипломатски дијалог за мир меѓу страните вклучени во конфликтот на Блискиот Исток. Во согласност со нашите уставни принципи на надворешна политика и пацифистичкото убедување на нашата земја, го повторуваме нашиот повик за деескалација на тензиите во регионот. Обновувањето на мирен соживот меѓу државите во регионот е највисок приоритет.“ - велат од МНР на Мексико.
„Венецуела ја осудува воената агресија на САД против Иран и бара итно прекинување на непријателствата. Венецуела цврсто и категорично го осудува бомбардирањето извршено од војската на САД, на барање на Државата Израел, врз нуклеарните објекти во Исламска Република Иран, вклучувајќи ги комплексите Фордо, Натанз и Исфахан.“ - напиша министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Гил, на Телеграм.
„Остро го осудуваме бомбардирањето на нуклеарните постројки на Иран од страна на САД, тоа претставува опасна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Агресијата сериозно ја крши Повелбата на ОН и меѓународното право и го турка човештвото во криза со неповратни последици.“ - напиша кубанскиот претседател мигел Диаз-Канел, на Х.
Кубанскиот претседател мигел диаз-канел, на x: