Реакции на балканските медиуми за заедничката литургија

Голем ден и божјо чудо. Историска сцена пред храмот Свети Сава. Во најтешкиот момент за светот, православието се обедини во Белград.

Балканските медиуми посветија големо внимание на литургија на македонската и српската православна црква. За српската новинска агенција Тањуг, со заедничката литургија на двете цркви и формално е окончан расколот меѓу СПЦ и МПЦ..

„Можеме да го окарактеризираме овој настан како историски бидејќи се реши прашање кое траеше 55 години и кое остави последици“, се најведува во текстот на агенцијата. Државната радио телевизија и весникот „Вечерње новости“ пак велат дека со денешната литургија, се воспоставило канонско заедништво на двете сестрински цркви.

Во текст со наслов, „залечена децениска рана“, црногорскиот национален сервис, наведува дека после 55 години, српската и македонската православна црква, успеале да ги надминат недоразбирањата.