Реакции: Кој е виновен за бегството на поранешниот војник на УЧК Рамадани?

Разочараност во Белград, прослава во Приштина...Бегството на поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани, кој беше уапсен на Македнско – Косовската граница, ги сврте погледите на двата соседи кон Македонија...Официјален Белград бара објаснување од македонските власти, како дозволиле лице уапсено по меѓународна потерница, така лесно да и избега на правдата...

Ивица Дачиќ Вицепремиер и министер за внатрешни работи на Србија

„Станува збор за припадник на терористичката ОВК кој извршил злосторства врз Србите на Косово и Метохија и кого Србија го бара за да му суди. Бараме објаснување од државните органи на Северна Македонија како е можно некој кој е уапсен по наша меѓународна потерница да побегне од домашен притвор Или меѓународната правда не важи за албанските терористи и воени злосторници, кога убиваат Срби, се е дозволено и простено.“

Припадници на поранешната ОВК пак сметаат дека косовскиот премиер Албин Курти се има вмешано во целата ситуација...Вршителот на должноста претседател на Организацијата на воени ветерани на ОВК, Фатон Клинаку верува дека Рамдани избегал од домашен притвор бидејќи македонските правосудни органи одлучиле да го екстрадираат во Србија...

Фатон Клинаку - Вршителот на должноста претседател на Организацијата на воени ветерани на ОВК

„Оваа власт која дојде во Македонија, на која за жал ѝ помогна Курти во име на промените, ги прогонува воените ветерани на ОВК. Но, нека разберат дека доколку продолжи ваквата политика на прогон на Албанците, тие ќе одговараат за секоја ескалација на ситуацијата.“

На домашната политичка сцена обвинувања за тоа кој е виновен за бегството на Рамадани... Од Социјал-Демократскиот сојуза бараат оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, бидејќи полицијата е задолжена за обезбедување на куќниот притвор ...

Богданка Кузевска – портпарол на СДСМ

„Тошковски сноси директна одговорност за бегството на Рамадани и за тоа треба да има одговорност. Но прашањето кое треба да го одговорат не дали избегал туку дали го пуштиле? Дали ова е дел од договореното меѓу Мицкоски и Курти и барање на ВЛЕН? Дали Мицкоски уште еднаш мижи пред законите да му удоволи на албанскиот коалициски партнер? “

Од ДУИ пак велат дека се разочарани од за нив крајно тенденциозната акција на институциите во земјата кон поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани, за кој веруваат дека е прогонуван по наредба на српската влада..

ДУИ

„Губитниците на изборите, рако-бакнувачите вазали во моноетничката власт, кои го немаат легитимитетот на албанските гласачи, но се претпочитани на ВМРО, се пофалија дека го ослободиле Блерим Рамадани, мамејќи го народот дека мерките за безбедност се сменети, додека вчера полицијата повторно одлучила да го приведе и да го испрати во активен притвор.“

Рамадани е третиот државјанин на Косово како поранешен војник на ОВК, уапсен во Македонија врз основа на српска потерница...Претходно беа уапсени Гафур Дуголи и Томор Морина, но со судска одлука беа ослободени.