Развојната банка ја повлече првата половина од 50,9 милиони евра за евтините кредити за домашните компании
Foto

Развојната банка ја повлече првата половина од 50,9 милиони евра за евтините кредити за домашните компании

Развојната банка на Македонија ја повлече првата половина од 50,9 милиони евра за евтините кредити за домашните компании.

Петтата транша од кредитната линија еиб фаза 5, која ја користи развојна банка, е во износ од 25,6 милиони евра, а е одобрена за 105 различни проекти на домашни компании. Пласманот на средствата од оваа транша се одвива преку шест комерцијални банки со кои развојна банка има склучено договор за оваа кредитна линија.

Овие 105 проекти треба да поддржат вработување на 145 лица, соопшти развојната банка.

 

0 Коментари

Остави коментари