Развоен или предизборен буџет
Foto

Развоен или предизборен буџет

Буџетот е предизборно направен и кој и да дојде на власт после изборите на 12 април, ќе направи ребаланс, со реални проекции, сметаат дел од стопанствениците.

Сојузот на стопански комори не очекува економијата следната година да порасне на 3,8% од БДП, како што е проектирано во буџетот и под знак прашање е дали во државната каса ќе се соберат предвидените приходи од 3,6 милијарди евра. Арсовска вели дека поддршката за приватниот сектор од сто милиони евра е незначителна.

Лидерот на најголемата опозициска партија смета дека власта го тера грчкото сценарио на задолжување зашто следната година ќе се задолжиме една милијарда евра. Но дел од тие пари ќе бидат за враќање на стари долгови. Според Мицкоски, Владата ги излажала провестарите кои според колективниот договор сега требало да имаат плата од 31 илјада, а не да се радуваат на 10% повеќе.

Од СДСМ и денеска повторија дека повисоките плати и пензии се инвестиција во човечки капитал. Во буџетот за следната година е предвидено платите да пораснат за 6,3 насто, а невработеноста од сегашните 17,5% да падне на 16%.

0 Коментари

Остави коментари