Разрешувањето на Беса Адеми од местото претседател на Врховниот суд, врв на политичкиот диктат во правосудството?

Разрешување под политички притисок или санкција за нередовно присуство на седниците на судски совет. Што се крие зад барањето за утврдуваање одговорност за врховната судијка Беса Адеми?

Во пресрет на утрешната јавна расправа во судскиот совет министерот за правда Кренар Лога остана воздржан, додека универзитетскиот професор Владо Камбовски нагласи дека не е запознаен за што е покрената иницијативата, но нагласува дека треба да се знае кој е врвот во судската власт. 

Обидот за смена на Адеми следува по нејзиниот јавен настап во кој обвини за серија политички притисоци врз врховниот суд, во однос на постапката за оживување на аболицијата на Иванов. 

Министерството за правда ја презентираше развојната стратегија за правосудство 2024-2028 во чија подготовка биле земени предвид извештаите на Европската Комисија за напредокот на Македонија и претходната стратегија за реформа во правосудниот систем.

За измените на законот за судски совет, Лога нагласи дека има добиено допис од страна на работната група, а следен чекор е обраќање до претседателот на државата и останатите институции.

Недостатокот на судии според Камбовски треба да се реши со затворање на судовите во малите градови кои функционираат само со еден судија. Според професорот недопустливо е и треба да биде казниво влечењето на предмети со години, посебно за финансиски криминал, каде што многу брзо може да се утврди дали има случај или не.