Разрешени директорите на РЕК Битола и Осломеј
Foto

Разрешени директорите на РЕК Битола и Осломеј

Првите луѓе на  РЕК Битола и РЕК Осломеј разрешени - ЕСМ најавува и други кадровски поместувања во комбинатите за да се подобри на процесот на производство и да се соочат со енергерстката криза.

Разрешувањата доаѓаат по серијата дефекти во РЕК Битола, намаленото домашно производство на електрична енергија, но и немањето јаглен.

„За в.д. директор  на РЕК Битола  е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана. Во РЕК Осломеј за в.д. директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.“ - велат од ЕСМ.

Во исто време ЕСМ и натаму ја крои новата цена, дали ќе има поскапување на струјата за домаќинствата - одговор и денеска нема. ЕСМ се уште го изработува планот за производство –   и од Владата без конкретен одговор. 

ЕВН Хоме на барање на ЕСМ, пак го одложи тендерот на кој треба да се обезбеди струја за домаќинствата за идната година. 

„АД ЕСМ го изработува планот за производство и финансискиот план за 2022г., врз основа на кои ќе формира своја пресметка за цена на која до крајот на месецот ќе ја испрати до Валдата. Владата на затворена седница може да го прифати предлогот за цена на ЕСМ или да даде друга, препорачана цена, со која АД ЕСМ ќе настапи со понуда кон универзалниот снабдувач.“ - велат од ЕСМ.

Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски за ТВ24 вели компаниите сеуште немаат доставено барања до Регулаторна за цената. А на редовниот координативен состанок со енергетските компании, се разговарало за домашното производство на струја по први јануари.  

„Особено внимание обрнавме на тендерот на ЕВН Хоме со цел да се знае однапред колкави количини ќе обебзеди ЕСМ на универзалниот снебдувач. И еден од најбитните заклучоци е во овие неколку дена да има состаноци на претставници на ЕСМ и ЕВН Хоме со цел да ги усогласат своите ставови како да биде реализирана продажбата на електрична енергија.“ - изјави - Марко Бислимовски - претседател на РКЕ 1,23.

Во меѓувреме на адреса на МЕПСО стигна фактурата од европската мрежа - државната компанија за ненајавеното влечење струја за месец октомври ќе треба да плати 16,5 милиони евра, а вкупната фактура за изминатите 4 месеци е 18,5 милиони евра.

0 Коментари

Остави коментари