Разрешена директорката на филхармонија, Тина Иванова
Разрешена е директорката на Македонската филхармонија, Тина Иванова. За в.д. директор според информациите е поставен е Даниел Лазаревски.
Комисијата формирана од Министерството за култура констатирала повеќе неправилности во работата на Иванова.
Разрешени се и членовите на Управниот одбор во институцијата бидејќи не делувале навреме и не укажале за неправилностите во работењето на Иванова. Телевизија 24 се обиде да ја контактира Иванова, не не одговори на нашите повици, а повеќе информации од Министерството за култура најавија за утрешниот ден.