Разрешен Шабан Мемети од ИЈЗ, нова директорка Марија Андоновска

Разрешен Шабан Мемети директор на Институт за јавно здравје. Нова директорка ќе биде Марија Андоновска. Мемети кој го водеше Институтот за време на ковид пандемијата

„За време на пандемијата од ковид-19, Одделението за вирусологија беше прво во државата кое почна лабораториско дијагностицирање на SARS CoV 2, со што Институтот се потврди како клучна институција во државата во справувањето со закани за јавното здравје од биолошко потекло. Со помош на меѓународните организации, СЗО и ЕЦДЦ, успеавме да го подигнеме професионалното ниво за брзо и ефикасно дејствување при состојби на јавноздравствени закани.Во соработка и под водство на UKHSA (United Kingdom Health Security Agency) и СЗО, станавме Balkan – HUB за секвенционирање на геномот, првично на SARS CoV 2, а потоа и други респираторни вируси. Одделот за микробиологија и Одделот за епидемиологија имаат клучна улога на национално ниво за истражување на епидемиите, сузбивање и преземање мерки да се спречи нивното ширење“- напиша Мемети на фејсбук.

Мемети порачува дека од 2015 година, Одделението започнува со секвенционирање на соевите на инфлуенца вирус кои циркулираат во државата.

„Се унапреди и меѓународната активност на Институтот преку работата на Одделот за здравствена промоција и следење на болести на многубројни проекти и особено бихевиорални студии, пришто институцијата стана препознатлива за организациите на Обединетите нации, особено СЗО, УНИЦЕФ, УНФПА, ИЛО, како и Советот на Европа, ЕУРОСТАТ, ЕМЦДДА, Роберт Кох Институтот, EuroHealthNet, Smoke Free Partnership, SEEHN , SHE network, и многу други“ - пишува во својот отчет Мемети на фб.