Разорен земјотрес во Турција – десетици загинати и илјадници повредени
Foto

Разорен земјотрес во Турција – десетици загинати и илјадници повредени

Десетици загинати и илјадници повредени е билансот од катастрофалиот земјотрес кој го погоди источниот дел на Турција....Потресот со јачина од 6,8 степени според рихтеровата скала, предизвикал сериозни штети во провинцијата Малатија каде се урнати 25 згради...Само во градот Елазиг е пријавена смртта на повеќе од десет лица а за педесетина се верува дека се уште се затрупани под урнатините...После најсилнииот земјотрес, следувале уште 60 дополнителни потреси но со послаб интензитет..

Тешко се стигнува до преживеаните бидејќи постојано има нови потреси. Во моментов може да ја потврдам смрта на 4 лица во Малатија и уште 18 жители на Елазиг. Само што дознав дека едно лице е спасено во Елазиг. Се надевам дека ќе најдеме уште преживеани. Продолжуваме да работиме и да се молиме.“ - Сулејман Сојлу – Министер за внатрешни работи на Турција.

Во акциите за спасување учествуваат голем број припадници на спасувачките екипи но и на армијата.. Во местото Маден,спасувачките екипи успеаа да спасат едно дете но и бремена жена кои повеќе од 12 часа се ноѓале под урнатините...

„Нашите домови се или уништени или оштетени. Не можеме да се вратиме во нашето село. Неколку мои сограѓани починаа. Се надевам дека бог ќе ни помогне и ќе ни даде трпение. Мораме да ја поминеме ноќта надвор на отворено.“ - жител.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вели дека сите надлежни институции и служби се вклучени во акцијата за пронаоѓање на евентуални преживеани...

„Министрите за урбанизам и животна средина, внатрешни работи и здравство се во подрачјето погодено од земјотресот. Сакам да се знае дека како претседател на државата внимателно ја следам ситуацијата и работата на терен. Сите институции, со АФАД и Црвената полумесечина на чело, се покрај нашиот народ .“ - напиша Ердоган на твитер.

Епицентарот на потресот е регистиран е во местото Сивирџе, во близина на границата со сирија. Поради јачината, земјотресот бил почуствуван и во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.

0 Коментари

Остави коментари