Разорен земјотрес на Филипините

Силен земјотрес на Филипини..Потрес со јачина од 7.8 степени регистриран на југот на земјата...Најтешко погоден е градот генерал Сантос – дом на повеќе од 700 илјади жители..Над 30 лица починаа, дваесетина се водат како исчезнати додека преку 100 се повредени...Се стравува дека бројот на жртви може да порасне а речиси половина од загинатите починале по лизгање на земјиштето на југот на земјата....Уништени се десетина стамбени објекти, во прекин е снабдувањето со електрична енергија во делови од земјата а граѓаните се повикани да се упатат кон повисоки места..

Канцеларијата за цивилна заштита ги предупреди граѓаните да не влегуваат во оштетните домови и други објекти поради опасност од дополнителни потреси...Филипинскиот претседател Фердинант Маркос ги повика граѓаните да ги следат предупредувањата.

Фердинант Маркос – претседател на Филипини: „Не чекајте. Вашиот живот е поважен од сè што сте оставиле зад себе.“

Разорниот земјотрес уништил и неколку училишта на денот кога во земјата почнува новата учебна година.. Од црвениот крст на филипини соопштија дека интервенирале во неколку школи за да помогнат на учениците..

Потресот беше почувствуван и во делови од Индонезија, особено на локалните острови, каде што беше издадено предупредување за цунами. Јапонија исто така предупреди делови од своето крајбрежје на Пацификот за можни бранови.

Филипинскиот институт за сеизмологија соопшти дека дури 138 потреси се регистрирани по првичниот земјотрес..Најсилниот бил со магнитутда од 6.7 степени..

Денешниот земјотрес е еден од најсилните во историјата на државата..Во 1976 година, Филипини беа погодени од земјотрес со јачина од 8 степени според Рихтеровата скала.... Во несреќата загинаа речиси 5000 луѓе.