Разочараност и задоволство од распределбата на социјалните станови во Струмица
Foto

Разочараност и задоволство од распределбата на социјалните станови во Струмица

Надлежните комисии ја објавија прелиминарната ранг листа за добивање социјални станови во Струмица. Беа објавени само 23 имиња на апликанти чии документи биле комплетни а по теренската контрола и констатацијата дека целосно ги исполнуваат условите ќе им бидат врачени решенијата за социјален стан.  

Кај дел од апликантите кои чекаа станови објавувањето на прелиминарната ранг листа создаде револт, бидејки сите очекуваа да бидат распределени 37 те социјални.

Станови добија самохрани родители, кориснции на социјлна помош, семејства  со  лица со попреченост. Кај сите нив оптимизам дека ги исполнуваат целосно условите да добијат клуч  од социјален стан.

Зграда во Струмица беше изградена пред 3 години и имаше повеќе неуспешни обиди за распределба на социјалните станови. Од неа веќе се издадени 4 стана на лицата со попреченост од заводот Банско.

Засега нема одговор кога ќе бидат распределени 13 те стана од ова социјална зграда. Лицата што денеска ги немаше на прелиминарната ранг листа имаат право на жалба во законски пропишаните рокови.

0 Коментари

Остави коментари