Разочарани од слабиот одзив на „Маршот на ангелите“, родителите прашаа: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“

Родители кои го продадовте споменот на своето дете и борбата за правда за ситни пари, каде ќе ви оди душата? Ова прашање го постави една од мајките чие дете загина во пожарот во дискотеката Пулс на 16-от Марш на ангелите, гневна што оваа трагедија наместо да обедини, им донела политизација и презир од одредени поединци. 

Болка, тага, гнев, но и длабока фрустрација беше искажана и поради, како што нагласија, „целосната незаинтересираност“ на надлежните институции и забавената постапка за утврдување одговорност кај полициските службеници кои, според нив, не презеле навремени и соодветни дејствија за спречување на трагедијата.

Трагедијата во дискотеката од кобниот 16ти март продолжува да предизвикува тензии помеѓу семејствата на жртвите. Наместо да ги обедини во борбата за правда, случајот предизвика политизација и поделби меѓу родителите. Разочарувачко слаб одзив можеше да се забележи на вчерашниот Марш во Кочани. 

Со овој марш, родителите уште еднаш потсетија дека сè уште чекаат правда за сите жртви на системскиот пропуст што, според нив, кулминирал кобниот 16ти март.