Поетска форма стара со векови, а сепак жива, современа и инспиративна! Сонетот како книжевен феномен, неговиот развој и присуството во светската и македонската книжевност се во фокусот на првото научно дело од ваков вид во Македонија, чиј автор е поетесата, книжевничка и лингвистка Елена Пренџова.
