Разговор со академскиот уметник и скулптор Ангел Коруновски
Во галеријата „Мала станица“ во Скопје, во тек е изложбата „Лица“ на академскиот уметник и скулптор, Ангел Коруновски.
Оваа комплексна поставка, составена од педесетина дела кои вклучуваат скулптури, цртежи и слики, е инспирирана од темата за човекот и неговото место во глобализираниот свет.
Особен акцент е ставен на маргинализираните во современото општество, како и на сите што се соочуваат со предизвиците на глобализацијата.

