Разбранувани политички страсти по интервјуто на британскиот амбасадор за ТВ 24

Од лични навреди и прозивки преку темата има или не мигранти за пари но и кој тоа фабрикува сензационални  теми и шири лажни информации  . Премиерот Мицкоски и денеска го впери прстот кон првиот опозиционер Филипче дека неговата теза за темата мигранти за пари  паднала во вода откако и британскиот амбасадор во интервјуто за ТВ 24 негираше дека владата на обединетото кралство и на Македонија воопшто имале таков договор. Мицкоски понатаму се осврна и на други актуелни теми за кои повторно забележа дека опозицијата прави де фокус но како што рече никогаш не се извинила . 

СДСМ пак денеска во реакцијата наведуваат: Веруваме дека случајно британските медиуми, меѓу кои и Тајм објавија за што се разговара.  Многу е случајно тоа што Власта го смени и Законот за странци, со кој ги олесни условите за доаѓање, престој и работа на „економски работници“ во Македонија, ги скрати процедурите, ги продолжи времетраењето на дозволите. 

Случјано во Британија се најавува нов модел за доброволно враќање на семејствата кои се одбиени баратели на азил со плаќање на 10.000 фунти по лице до максимум 40.000 фунти, како поттик да го напуштат Обединетото кралство.  Веруваме дека сето ова е случајно, не се тоа „мигранти“, тоа се „економски работници“.

Браитанскиот амбасадор Метју Лосон пак и вчера во емисијата Европат на ТВ 24 потенциораше дека нема договор меѓу британската влада и Владата на Мицкоски  за прием на било какви  мигранти за пари 

Темата пари за мигранти стана особено актуелна откако за тоа пишуваа и дел од Британските медиуми , а на кои се повикуваше и македонската опозиција . Но британската амбасада во земјава ова го отфрли како невистиното и посочи дека се работи само за соработка и заедничка работна група во борбата против илегалната миграција . Нешто за кое британската влада разговарала и со влади на други држави од ЕУ .