Растот на минималната плата пред пратенциите
Со аргументи за и против, но и реакции зошто власта не ги прифаќа амандманите на опозицијата за Законот за минимална плата, но и останатите законски решенија кои се заглавени во собраниските комисии, течеше и денеска расправата на пленарната седница на која главниот фокус се токму Измените и дополнувањата на законот за минималната плата.
Иако опозицијата посочи дека ќе го поддржи овој закон сепак го окарактеризираа како лицемерен и уште еднаш ги прашаа пратениците од парламентарното мнозинство зошто не прифаќаат скалесто покачување на платите и во другите сектори што како предлог го имаа доставено.
Од СДСМ пак и денеска ја обвинија опозицијата дека пласираат дезинформации во јавноста не само за овој закон туку и за останатите кои се заглавени во собраниските комисии. Сепак велат Законот за минимална плата ќе доведе до раст и на останатите плати.
Денеска беше втор ден од расправата на пленарната седница на која пратениците дискутираа за Измените во законот за минимална плата. Иако опозициските пратеници се изјаснија дека ќе го гласаат ова законско решенија не пропуштија прилика ниту денеска од говорницата да ја искритикуваат власта зошто не ги прифаќа нивните предлог амандмани.