Расте онлајн трговијата

Електронската трговија и плаќањето преку интернет за македонските граѓани станува секојдневие. Сите статистики и на глобалниот и на домашниот пазар говорат на пораст во користењето на електронската трговија од страна на граѓаните. 

Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел, кој бара силна поддршка од државата преку модерни дигитални платформи, регулаторна предвидливост и иновации ориентирани кон пазарот, вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Според него, намалувањето на бирократијата и отворањето на податоците за бизнис-заедницата се клучни за модерна држава. 

Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска Станков вели дека се уште дигиталната зрелост на регионот е на ниско ниво но дека мора да се поработи на забрзување на тие процеси.  

Само во последниот месец преку државната Платформа за интероперабилност се реализирале над 2,6 милиони дигитални трансакции, раст од 260 проценти во однос на минатата година, што ја позиционира земјата меѓу водечките во регионот.