Расте бројот на жртви од земјотресот во Албанија
Foto

Расте бројот на жртви од земјотресот во Албанија

Најмалку 14 лица загинаа, а околу 600 се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени што ја погоди Албанија.

Најновите податоци за жртвите ги објави албанското Министерство за одбрана, откако се пронајдени телата на уште пет жртви. Министерството за здравство соопшти дека повредени се околу 600 лица, а дел од нив се во тешка состојба.

Околу 400 војници поставуваат шатори во два града за да ги сместат луѓето чии домови се оштетени. Ова беше насилниот земјотрес што ја погоди Албанија во последните три децении.

0 Коментари

Остави коментари