Расте бројот на загинати по експлозијата во Бејрут
Foto

Расте бројот на загинати по експлозијата во Бејрут

Шеесетина лица се уште се водат како исчезнати, четири дена по силната експлозија која уништи делови од Либанскиот главен град. Жителите на Бејрут, очајни, се собираат пред сега веќе уништеното пристаниште, во надеж дека ќе добијат информации за судбината на своите најблиски.

Во потрагата по преживеани се вклучени и голем број на меѓународни тимови а Интерпол најави ќе испрати тим на експерти во Бејрут за да им помогне на либанските власти во истрагата за откривање на причините кои доведоа до катастрофалната која го погоди Либан. Досега е потврдена смртта на 154 лица  а според податоците на министерство за здравство, најмалку 120 од 5.000 повредени се во критична состојба.

Во меѓувреме расте гневот меѓу Либанците кој ја обвинуваат владата за несреќата која ја погоди државата. Илјадници жители на Бејрут се судрија со полицијата во обид да дојдат до владината зграда.

Иако се уапсени 16 вработени во пристаништето во Бејрут, а неколку други лица биле сослушани од истражните органи, за либански граѓани единствени одговорноста за овој трагичен настан владата.

„Не можеме веќе да продолжиме вака. Луѓето немаат пари а мислам дека и државата не може да се соочи со ваква катастрофа.“

„50 години се бориме за слобода и самостојност. Но сето тоа беше залудно. Работевме да имаме за пензионерските денови, но тие не уништија.“

Поранешниот капетан на бродот каде што првично се наоѓал опасниот материјал вели дека владата била свесна за проблемот со кој се соочува но и дека не презеле ништо за безбедно да ги дислоцираат 3-те тони амониум нитрат.

„Немавме доволно пари да платиме и поради тоа ни го оздзедоа бродот. Добро знаеа дека внатре има опасен товар.“ - изјави Борис Прокошев -  поранешен капетан на трговскиот брод Росус.

Веќе е закажана донаторска конференција со цел да се собере хуманитарна помош за жителите на Бејрут. Коорганизатори на конференцијата се францускиот претседател и Обединетите нации, а ќе учествуваат и претседателот на САД, првиот човек на Советот на Европската Унија, Шарл Мишел како и еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленчарич.

0 Коментари

Остави коментари