Расте бројот на заболени од рак на дојка
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка во нашата земја.Во 2018 година бројот бил 750 пациенти,а сега оваа бројка изнесува 1100.
Иако се уште не се конкретно јасни причините зошто бројот е зголемен се претпоставува дека влијаат повеќе фактори, вклучувајќи ја бременоста, загадениот воздух, стресот и генетиката.
Докторите велат ако порано заболуваа повозрасни сега ракот на дојка не познава возраст и претставува голем ризик за сите жени. Според онкологот Илир Исмаили, секоја жена по 25-та година треба еднаш или двапати годишно да оди на прегледи, вклучително и ултразвук, додека по 35-40 години, на секои две до три години треба да се започне со скрининг или мамографија.
И хирургот Илир Вела вели дека ракот на дојката за жак не познава возраст иако поголем е ризикот кај жените над 35 години.
Двајцата специјалисти велат дека не се точни информациите дека има недостиг на термини за дијагностицирање или хируршка интервенција за ова заболување, и велат дека најдолго за хируршки зафат кај нас се чека три недели, и тоа е рекордно време за разлика од другите балкански и европски земји.