Расте бројот на заболени од грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Кратово

Продолжува да расте бројот на заболени лица од грип. Од 13 до 19 јануари евидентирани се 1.412 случаи на групни пријави за заболени од грип. Тоа претставува 34,1 отсто повеќе во споредба со претходната недела.  Вирусот е најактивен во Кавадарци и Кратово... Од Институтот за јавно здравје потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.